Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2) header
Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2) profile picture

Interior design studio creating homes that exceed our clients' expectations. Check our shop at https://teapawt.org/t.co/bRdJrsTxYz

Skopje, Macedonia
Joined November 2020
Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)Photo by Внатрешно уредување со Декорама (@dekorama2)
За или против "зебра" фотелја по дома – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
1
3
182
Да видиме кој,а е храбар,ра? – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
100%Зебра по дома, се разбира
0%Не, не сакам зебри
2 votes • 9 hours
51
DOKKŌDŌ (独行道) или патот на осаменоста Во 1645 г. јапонскиот самурај (ронин, без господар), стратег, филозоф и писател Мијамото Мусаши ги запишува 21 принцип на живеење познати како Dokkōdō. Тие зборуваат за самостојност, дисциплина, едноставност и неприврзаност кон туѓите очекувања. Една од пораките што можеме да ја извлечеме: научи да го следиш сопствениот пат, дури и кога не е најпопуларниот.
1
1
6
163
Каква врска има ова со дизајнот на ентериер? Не мора домот да им се допаѓа на сите. Не мора да биде во беж боја, да ги следи последните трендови или да изгледа како фотографија од каталог. Можеби сакаш сина фотелја или бордо софа во минималистичка дневна соба. Чудна скулптура, необична комбинација на материјали или боја што малку отскокнува. Зошто да не? - На крајот, ти живееш во тој простор. Не твоите гости, не соседите, ниту алгоритмот на Pinterest.
1
1
74
Добриот ентериер не мора и не може да биде по сечиј вкус. Треба да го одразува вкусот, карактерот и начинот на живот на оној што живее во него. Не дизајнирај за туѓо одобрување. Не избирај нешто само затоа што е во тренд. Имај храброст да избереш нешто што те претставува, дури и ако не се вклопува во ничија туѓа претстава за тебе и за совршен дом. Your home. Your rules. Not everyone's taste. And that's the point.
1
38
Во спомен на Мето Јовановски позајмено од @ZKardula
8
1
49
858
Зелен ѕид (не беж) 🌿 Длабока, смирувачка и неочекувана, оваа зелена боја додава карактер на просторот без да се обидува да доминира. Во комбинација со топло дрво, чоколадно кадифена софа и допир на портокалова боја (Snoopy дизајн на Achille and Pier Giacomo Castiglioni, 1967) создава ентериер кој е современ, смел и привлечен. Зошто е ок? - има тон-на-тон ефект (tone-on-tone), зелената комода и зелениот панел се во иста колорна приказна. Наместо да се натпреваруваат, тие создаваат визуелна целина. Мебелот речиси се слева со позадината. - панелот не оди до таванот, ондонсо оди до висина на рамката на вратата. Бидејќи зелената не е до горе, горниот дел од ѕидот останува во топла бела боја. Така се избегнува ефектот на затворена, тешка просторија. #ВнатрешенДизајн
1
27
1,218
Во Музејот и галерија во Кавадарци е отворена самостојната изложба на слики „Анатомија на тишината“ од Вања Кашавелска. Поставката опфаќа фигуративни дела во техника масло на платно кои го истражуваат односот меѓу човечката фигура, емоциите и амбиентот. Има неколку масла на платно достапни за купување преку онлајн галеријата Bukefal. vanjakashavelska.com/ – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
1
18
625
HANS е ексклузивен модел од колекцијата на италијански мебел на montenegro.mk/mk/proizvod/21…. Изработен од премиум материјали со врвна италијанска изработка, внесува елеганција и долготрајна удобност во вашиот простор. Цена 870 EUR
2
138
BEYOND BEIGE MA (間) или уметноста на просторот меѓу нештата. Просторот не мора да биде празен за да дише. 70 м². и. 4 члена на семејство. Две спални соби. Предизвикот не е како да сместиме што повеќе мебел. Туку како да создадеме простор во кој секој има место, без домот да изгледа преполн. Во јапонската естетика, Ma е значењето што настанува во просторот меѓу нештата. Не е само празнина. Тоа е пауза, ритам и рамнотежа. Не дизајнирај само за она што треба да го сместиш. Дизајнирај и за просторот што треба да остане. ПОмалку хаос, повеќе место за живеење.
6
188
Интересен дизајнерски концепт и пристап кон мебелот од Малаз дизајан, египетски бренд со седиште во Каиро. Оваа комода има нешто што ретко се гледа во современиот мебел: карактер, културен идентитет и скулптуралност. Може да биде централна/фокусна точка во просторот. За да не биде премногу доминантна, а сакаме да се вклопи со др. парчиња мебел > останатите парчиња треба да имаат помирни, почисти, минималистички линии. malazdesign.com/shop/
5
122
Работната маса во куќата на Ерне Голдфингер, на 2 Willow Road во Лондон, е многу повеќе од парче мебел, има асиметрични фиоки со различни димензии, комбинација на дрво, темна работна површина и метална конструкција. Дизајн што старее достоинствено.
2
4
244
Нов алат. Нови можности. Нов мебел! 🔧 Bosch акумулаторска бушилка-одвртувач и комбинирана пила — ново засилување во нашата работилница. Уште поголема прецизност и подобри детали во секое парче мебел. 🪚 Оваа инвестиција е реализирана со поддршка на SDC (Консалтинг за стратешки развој), преку грант-програмата за поддршка и развој на женското претприемништво. Уште еден чекор кон зајакнување на производствените капацитети и развој на бизнисот. Dekorama — where ideas take shape. 🌐 dekorama.design – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
2
8
293
📍 Дневната соба на фотографката Özlem Özsoy во Хамбург = топол минимализам со mid-century карактер. + одличен спој на дизајнерски и достапни парчиња, култната Wassily B3 на Marcel Breuer, Panthella на Verner Panton + IKEA PS 2026 (на дување) мебел со поопуштен карактер. Посебен шарм даваат песокливите релјефни лајсни и таванската розета. − или не ни се допаѓаат премногу униформни беж и песокливи нијанси. Недостига контраст, посмела употреба на боја и поголема разновидност на материјалите. Поука: не мора сè да биде дизајнерско, ниту сè да се совпаѓа. Токму во контрастот е карактерот на ентериерот.
3
241
Од крем-бела до антрацит: како да изберете боја за кујна, плакар или комода и зошто кодот на бојата е поважен од нејзиното име.
1
8
508
Апартман во Рио (џунгла надвор, џунгла внатре) Зо(што) ми се допаѓа? - добар баланс меѓу архитектурата, материјалите и зеленилото. - џунглата е дел од ентериерот. Големите прозорци, природната светлина и бројните растенија создаваат чувство дека границата меѓу внатре и надвор речиси исчезнува. - видливиот бетон на таванот, топлото темно дрво, кожата и природните текстури создаваат прекрасен контраст. Просторот има автентичност и топлина. - еклектичната колекција на слики, скулптури, ретро парчиња и современ дизајн му даваат личност на станот. Не изгледа како ентериер од каталог, туку како место каде живеат луѓе. Најмногу ми се допаѓа што убавината не е во скапите завршни обработки, туку во светлината, просторот, природата и карактерот.
2
12
315
Адам од Говрлево е една од највпечатливите неолитски скулптури пронајдени во Македонија. Со внимателно прикажани ребра, ’рбет, стомак, мускули и полови органи. Детали што и денес изненадуваат со својата прецизност.
4
28
645
Од рамна плоча до заоблена форма. Заоблените линии во мебелот изгледаат едноставно и природно. Нивната изработка, сепак, бара специфична техника и прецизност. Основата е медијапан (MDF) во кој претходно се изработуваат серија паралелни жлебови. Тие му даваат на материјалот флексибилност за да може да се обликува. Плочата потоа внимателно се витка до потребниот радиус и се фиксира во саканата форма. Следуваат стабилизирање на конструкцијата, брусење и подготовка за финалната завршница. Со оваа техника изработуваме заоблени фронтови, страници, декоративни панели и други елементи со органски форми. Зад секоја крива линија стои многу повеќе од добра идеја: познавање на материјалите, соодветна технологија, добар мајстор и прецизна изработка. Добриот дизајн не завршува на хартија. Тој треба да може и да се реализира. Dekorama | where ideas take shape
3
144
Како да тераме бизнис во Мк? Плаќаш фактура од 69 евра кон Словенија преку СЕПА, а Комерцијална банка ти наплаќа 1.100 денари провизија. Речиси 18 евра за трансфер на 69 евра! Да разложиме - 600 МКД надомест за реализација на СЕПА трансферот; - 500 МКД дополнителен надомест поради физичко поднесување на налогот во филијала = претпоставувам на Изготвување на обрасци во име на клиенти. И покрај тоа што КТС налогот за конкретната трансакција го пополнив самостојно?????1 Која е целта на СЕПА? Да ги поевтини и да ги направи подостапни прекугранични плаќања или нова можност банките да ги оптоваруваат малите бизниси? @TSlaveski
21
26
153
9,185
Update: КБ ни врати 500 мкд. Мала победа, но НРБМ треба сериозно да провери какви се провизии ни наплаќаат банките. Во случајот беше двојна наплата на една услуга (која КБ не ја призна), ама штом враќа пари значи имплицира грешка, забуна, ......На секоја банка може да и се случи :) – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
1
42
Убавиот ентериер не подразбира секогаш нов мебел или скапи парчиња.Понекогаш најинтересните простори се создаваат со комбинација од vintage и second-hand мебел, внимателно одбрани детали, стари предмети и малку креативност. Види фотки Со добра селекција, чувство за естетика и умешно комбинирање на различни стилови и периоди, мебелот од втора рака може да добие нов живот, а ентериерот – карактер, автентичност и личен печат. Доколку не верувате во мебел од втора рака, може да се обидете барем со едно парче и да пробате да го вклопите.
1
1
18
652