Мали бебиња, голем потенцијал
Денес, по повод Светскиот ден на предвремено родените деца, одржавме прес-конференција со директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, и со раководителката на Одделот за интензивна нега и терапија, прим. д-р Елизабета Петковска.
📉 Првата е добра вест, и не е наша оцена.
Од 2015 година наваму неонаталната смртност во земјава е намалена за 87 отсто — од 8,1 на околу 1,1 на илјада живородени деца. Смртноста кај децата до пет години е намалена за 75 отсто. Во март годинава Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УНФПА потврдија дека ова е најголемото подобрување во преживувањето на децата забележано во светот.
⚠️ Втората е потешка.
Намалена е смртноста. Не е намалена зачестеноста. Околу 9 до 10 отсто од бебињата кај нас сè уште се раѓаат пред 37-та недела — почесто отколку во Европа. Подобро ги спасуваме, но не ги раѓаме поретко предвреме. Тоа е следното што треба да го смениме, и тоа се менува со превенција и со грижа за здравјето на жената пред и во текот на бременоста.
🤲 Третата е за тоа што доаѓа по болницата.
Годинешното мото е порака и до нас: грижата не завршува кога бебето ќе излезе од интензивната нега и работиме на тоа.
📌 Четвртата е зошто ова успеа
ЗМАИ, преку проектот Converge2EU, мери колку сме далеку од ЕУ по области. Во целина достигнуваме 64 отсто од европскиот стандард и со сегашното темпо ни требаат уште 52 години до европскиот просек. Во неонаталното здравје истото тоа мерење покажува 174 отсто конвергенција — над европскиот просек сме.
Зошто? Затоа што таму имаше јасна цел, програма зад таа цел, и поддршка што траеше подолго од еден мандат: обука на кадарот, стандардизирани протоколи во породилиштата, подобрена перинатална грижа, со поддршка на УНИЦЕФ, СЗО и УНФПА. Тоа не е среќна околност на едно одделение — тоа е модел што може да се пренесе и на други области.
А обврската што оди со него ја кажува самата анализа: ваквите резултати се одржуваат само ако кадарот се развива и задржува, независно од промените на влади. Ова го изградија луѓе што работеа низ неколку мандати. Нашата работа е да не го прекинеме тоа.
🏥 Само на Клиниката, од јануари до октомври се родени 3.216 бебиња, од кои 610 предвреме. Таму се упатуваат ризичните бремености од цела земја.
🙏Благодарност до неонатолозите, педијатрите, медицинските сестри и акушерките. Напредокот од последната деценија е ваш.
А до родителите: не сте сами.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#СветскиДенНаПредвременоРоденитеДеца #ПредвременоРодениДеца #Неонатологија #ЗдравјеНаДецата Види
5
101
Рано делување против дијабетесот
Денеска, по повод Светскиот ден на дијабетесот, учествував на панелот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и одговарав на прашањата на присутните.
👨👩👧 Го споделив семејното искуство со дијабетес тип 1 и тип 2. Добро знам колку е важна подобрата терапија, но уште повеќе редовното следење и режимот на исхрана и физичка активност.
🛡️ Мотото оваа година е рано делување. Само со редовна физичка активност може значително да се намали ризикот од дијабетес тип 2. Ги повторив и моите предлози за забрана на „џанк“ храната во училиштата и за данок на додаден шеќер во пијалаците.
📊 Ни треба многу подобар, дигитализиран регистар за дијабетес, за медицина заснована на факти и за вистинско следење на пациентите.
🏥 Сметам дека инсулинската програма треба да биде дел од ФЗОМ, а улогата на Министерството е политиките и капиталните вложувања и проектите. За тоа е потребен дијалог со сите чинители.
🎯 Не може сè да биде приоритет истовремено. Сметам дека приоритет треба да бидат:
✅ следењето со сензори
✅ модерната терапија за спречување на компликациите
🤝 Дадов ветување: сите пациенти со дијабетес тип 1 да бидат вклучени во следењето со сензори во рок од три години, или и побрзо, преку референтни цени и кофинансирање.
Им благодарам на СЗДМ за организацијата и за отворениот разговор.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#МинистерствоЗаЗдравство #Здравство #СветскиДенНаДијабетесот #Дијабетес #РаноДелување #Сензори #Превенција #ФЗОМ
Со физичка активност до долг, но и здрав живот
Утрово учествував на панелот "Фитнес како инфраструктура во јавно здравје“ на Health & Fitness Forum 2026, во организација на НМА – Асоцијација за рекреација и велнес.
📌 Најголемиот дел од средствата во здравството денеска одат за лекување хронични болести – висок притисок, дијабетес, срцеви и мозочни удари. Голем дел од нив се развиваат со години и можат да се спречат.
❗️Затоа ни треба промена на пристапот: од „sick care“ кон „health care“. Од систем што ја лекува болеста, кон систем што го чува здравјето. Од болничко лекување, кон превенција.
💡 Препораката на Светската здравствена организација не е маратон: 150 до 300 минути умерена активност неделно. Тоа е половина час брзо одење, пет дена во неделата.
На панелот разговаравме со Кај Трол, извршен директор на EuropeActive, Ѓорги Тасев, генерален секретар на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, и Гордана Цветковска Бошевска, специјална советничка во Кабинетот на министерот за спорт, а модераторка беше Магдалена Спасовска, потпретседателка на НМА.
Им благодарам на НМА за организацијата и на колегите од панелот за разговорот.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#МинистерствоЗаЗдравство #Здравство #Превенција #ФизичкаАктивност #ЗдравЖивот #ЈавноЗдравје #ПримарнаЗдравственаЗаштита #HealthAndFitnessForum
Палијативна грижа: време е за промена
Синоќа денот го завршив со обраќање на Втората годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина.
Зошто?
📉 Додека општата потреба од болнички кревети опаѓа, потребата од долгорочна грижа расте – населението старее, а сè повеќе луѓе живеат подолго со хронична болест.
📊 Анализа од 2019 г. утврдила дека само 10% од онколошките пациенти добиле палијативна нега.
Долгорочната грижа е еден од петте приоритети на Стратегијата за здравство 2021–2030.
Приоритетот е поставен, но многу малку е направено!
✅ Време е за промена. Време е за акција. Работиме на вопоставување на повеќе модели на долгорочна грижа и на создавање услови за вложување во геријатрија и палијативата.
Конференцијата е во организација на Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје. Им честитам на организаторите и на прим. д-р Ленче Нелоска за посветеноста.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#палијативнагрижа #геријатрија #долгорочнагрижа #здравство #Стратегијазаздравство
🇪🇺 Реформска агенда – напредок во чекорите на Министерството за здравство
Вчера учествував на онлајн состанокот во Влада на Македонија со претставници на Европската комисија предводени од Херт Јан Копман генерален директор во Европската комисија задолжен за проширувањето, за напредокот во Реформската агенда.
✅ Известив за напредокот во чекорите за кои е надлежно Министерството за здравство: нова Национална стратегија за дроги 2027–2031, измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, воспоставување и зајакнување на Националната опсерваторија за дроги, склучување Работен аранжман со Агенцијата на Европската унија за дроги (EUDA) и воспоставување систем за рано предупредување за „нови психоактивни супстанции“
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#РеформскаАгенда #ПланЗаРаст #ЕвропскаИнтеграција #Здравство
Мовембар: едно боцкање за рано откривање
🤝 Вчера во ЗД „Железничар“, со директорот Спасе Јанев, ја поддржавме иницијативата за бесплатни ПСА-тестирања — за промоција и за градење свест за рак на простата.
🚫 Грижата за машкото здравје не смее да биде табу.
📊 Ракот на простатата е едно од најчестите малигни заболувања кај мажите. Бројот на нови случаи расте, а кај нас често се открива доцна, кога можностите за лекување се ограничени.
🩸 Тестирањето е едноставно:
✅ едно боцкање — капка крв од прст, брзо и бесплатно
✅ покачена вредност не значи автоматски рак — резултатот го толкува лекар
✅ при сомнеж следи уролошка проценка
✅ разговорот за ПСА-тест — околу 50-тата година, а при семејна историја околу 45-тата
❤️ Никој не е заборавен. Вчера, со Црвениот крст, беа тестирани околу 30 бездомници, а опфатот ќе се шири и на други социјално загрозени лица.
🏍️ Благодарност до пратеници, директори и други јавни личности кои дадоа поддршка, како и до Проект Хоуп, Ротари клуб и Gentleman’s Crew Skopje.
Грижата за здравјето не е слабост, туку одговорност. Тестирајте се — не чекајте симптомите да ве предупредат.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
Министерство за здравство Драган Ковачки
#МинистерствоЗаЗдравство #Здравство #Мовембар #Movember #МашкоЗдравје #РакНаПростатата #ПСА #ЕдноБоцкање #Превенција #РаноОткривање
Над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
Денеска ја посетив клиниката што за две години направи видливи промени: нова опрема, подобри услови за пациентите и за вработените.
📈 Вложувања од над 40 милиони денари во 2025 и 2026 година, со поддршка од Министерство за здравство и ФЗОМ и добро раководење на клиниката.
🧒 Општа анестезија за најранливите
Реновираната ординација е наменета за деца и лица со попреченост, деца кои не можат да соработуваат и пациенти со силен страв од интервенција. Тие доаѓаат од целата држава.
И со мали средства, вложени на вистинското место, се решаваат значајни предизвици. Следниот чекор е децентрализација, за третманот да биде поблиску до пациентот.
📞 Термини: 075 435 445, работни денови 08:00–14:00
🤝 Општествена одговорност во здравството
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата Зегин донираа опрема во вредност од околу 800.000 денари. Кога јавната установа, бизнисот и граѓанскиот сектор дејствуваат заедно, придобивката ја чувствува пациентот. Ви благодарам.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#Здравство #ФЗОМ #ЛицаСоПопреченост #ОпштественаОдговорност #Стоматологија
2
60
24 прегледи, 16 операции. Израелскиот тим од „Шиба“ и нашите лекари, рамо до рамо за повредените во Кочани. Тука сме на долги стази. 🇲🇰
תודה רבה! 🙏
#Кочани #Здравство
Здравствените власти се тука на долги стази
🤝 Денеска со израелскиот тим од медицинскиот центар „Шиба“ и со нашите лекари ги претставивме резултатите од оваа недела за повредените во трагедијата во Кочани.
🩺 Израелските хирурзи, заедно со нашите тимови, извршија:
✅ 24 специјалистички прегледи
✅ 16 операции, 10 во Општата болница Кочани и 6 на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје
✅ реконструкција со фокус на шаките и рацете, за да им се врати функцијата и подвижноста
🙏 Им благодарам на д-р Моти Харац, д-р Матан Шерф и д-р Тал Канфино Кац. Благодарам на д-р Катерина Мирчовска, на огромната посветеност и на д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, и на сите наши хирурзи, анестезиолози и медицински сестри.
🇮🇱 תודה רבה לצוות של שיבא!
👩⚕️ Работната група на Министерството, со д-р Гордана Георгиева, ги координира сите напори за потребите на повредените, од проценката до рехабилитацијата на секој пациент.
Грижата не завршува со операцијата. Продолжуваме со контроли, нега и рехабилитација.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#Кочани #МинистерствоЗаЗдравство #Здравство #Шиба #Израел #Рехабилитација
Терапијата треба да патува – не пациентот!
По започнувањето на децентрализацијата на терапијата на мултипла склероза, денеска на Медицинскиот факултет во Скопје учествував на стручниот состанок за децентрализација на терапијата за инфламаторни цревни болести (Кронова болест и улцерозен колитис), во организација на Македонското здружение за гастроентерохепатологија, предводено од проф. д-р Мери Трајковска.
📊 Бројот на пациенти на биолошка терапија порасна од 15 во 2019 на 217 денес. Над половина од нив живеат надвор од Скопје, а многумина патуваат со часови за една терапија.
🏥 Предлогот
✅ Терапијата на одржување кај стабилни пациенти да се дава во регионални центри
✅ Клиниката да остане за дијагноза, започнување на терапија и сложени случаи
✅ Пилот во 2027 година во ГОБ „8 Септември“, а потоа контролирано проширување
💬 Децентрализацијата за терапијата е тројна вредност: за пациентот - полесен пристап; за клиниката - растеретување; за регионалните центр - збогатување на работата на здравствените работници!
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#ИнфламаторниЦревниБолести #КроноваБолест #УлцерозенКолитис #ЗдравствоБлизуДоПациентот #ФЗО
💊 Нов Закон за лековите – по 19 години и повеќе од 20 измени
Денеска ја одржавме националната консултација за новиот Закон за лековите со учество на здруженија на пациенти, комори, фарма индустрија, експерти и владини институции.
📜 Што се менува:
✅ законот од 2007 година, менуван повеќе од 20 пати, се заменува со нов
✅ лековите и медицинските средства добиваат посебни закони
✅ во следната фаза се издвојува и закон за фармацевтската (аптекарската) дејност
✅ целосно усогласување со европското законодавство
👥 За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие терапијата, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба.
📌 Следни чекори:
✅ секоја забелешка ќе биде разгледана и образложена
✅ посилни механизми против недостиг на лекови и поедноставено пријавување на несаканите реакции
✅ план за имплементација со МАЛМЕД и јасна временска рамка за доставување на законот во законодавна постапка
⚙️ Законот ќе вреди онолку колку што ќе се примени. Затоа за секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства и во кој рок.
🙏 Им благодарам на работната група, на WHO Macedonia и на сите учесници!
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#ЗаконЗаЛековите #Лекови #Пациенти #СЗО #ЈавноЗдравје
Од проценка кон план за квалитет
Во јуни, како директор на ФЗО, на првата работилница за квалитет зборував за она што може да го направи Фондот: аналитички извештаи, стандарди за квалитет во договорите и поврзување на финансирањето со квалитетот.
На вчерашната аработилница, како министер, ги слушнав резултатите од Националната проценка на квалитетот, подготвена со WHO Macedonia и АКАЗУМ. Пораката е јасна: имаме закони, стратегии и системи, но тие сè уште не работат како еден систем.
Три работи ќе бидат приоритет:
👉Безбедност на пациентите. И пациентите и здравствените работници се плашат да пријават грешка. А грешка што не е пријавена е грешка што ќе се повтори. Пријавувањето мора да биде заштитено, за да учиме од грешките.
👉Пари за квалитет, а не само за обем. Тоа што го започнавме во Фондот сега треба да стане национална политика.
👉Јасна одговорност. Секоја институција мора да знае што е нејзина обврска.
Следува Национален план за квалитет: малку приоритети, јасни одговорности, реални рокови. Не уште еден документ на хартија.
Квалитетот не е само стандард, туку обврска кон секој пациент.
#Здравство #КвалитетНаЗдравствена #БезбедностНаПациенти #СЗО #WHO #АКАЗУМ #HealthQuality
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија за повредените од Кочани 🇲🇰🇮🇱
Претпладнево на скопскиот аеродром ги пречекав хирурзите од The Sheba Medical Center од Тел Авив, Израел. Оваа недела тие ќе бидат во Македонија за да им помогнат на повредените во трагедијата во Кочани.
👨⚕️Тимот го сочинуваат:
🔹 д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници, признаен стручњак за пластична и реконструктивна хирургија и третман на сложени изгореници
🔹 д-р Матан Шерф, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и хирургија на рака, раководител на Единицата за микрохирургија при Одделот за хирургија на рака
🔹 д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург во Одделот за хирургија на рака и спасување на екстремитети
Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа кај нас и веднаш по трагедијата, кога тимот на Шеба работеше рамо до рамо со нашите лекари. Сега се враќаат за да ја продолжат грижата за пациентите.
🏥 Најпрво ќе направат проценка на состојбата на пациентите. Потоа ќе следуваат интервенции во Кочани и во Скопје, заедно со нашите медицински тимови.
🏆 Шеба е најголемиот и најсеопфатен медицински центар на Блискиот Исток. Магазинот Newsweek во 2026 година го рангираше на 7. место меѓу најдобрите болници во светот. Тоа е негова осма година по ред во светскиот топ 10.
🙏 Им благодарам на колегите од Израел што повторно се тука. Нашите пациенти добиваат најдобра можна стручност, а нашите лекари драгоцено искуство.
#Кочани #Македонија #Израел #Шеба #здравство #солидарност #изгореници #реконструктивнахирургија #МинистерствоЗаЗдравство #Kocani #Macedonia #Israel #ShebaMedicalCenter #ShebaGlobal
🇲🇰🤝🇹🇷 Истанбул, 12. Турски медицински светски конгрес:
🎤 обраќање на отворањето
🤝 средби со БиХ, Албанија и Киргистан
✍️ Меморандум за соработка во здравството со министерот Кемал Мемишоглу
Дигитално здравство, специјалисти, лекови и вакцини. 💙
#Здравство #Турција
Меморандум за соработка во здравството со Турција 🇲🇰🇹🇷
📍 На маргините на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул се сретнав со турскиот министер за здравство проф. д-р Кемал Мемишоглу. Разговаравме за билатералните односи и го нагласивме пријателството меѓу нашите две држави.
🙏 Му се заблагодарив за помошта и солидарноста на Турција по трагедијата во Кочани. Вистинските пријатели се покажуваат во најтешките моменти.
Како подрачја на соработка ги издвоив:
💻 дигитално здравство
👩⚕️ стручна размена и едукација на специјалисти
💊 соработка во лекови и вакцини
✍️ Потоа го потпишавме Меморандумот за разбирање за соработка во здравството – рамка за конкретни заеднички проекти во корист на граѓаните на двете земји.
🏥 Во конкретизацијата на соработката ќе се вклучи и USHAŞ – турската државна агенција за меѓународни здравствени услуги.
Благодарам / Teşekkürler!
#Здравство #Македонија #Турција #Меморандум #ДигиталноЗдравство #TürkTıpDünyasıKurultayı #МинистерствоЗаЗдравство
Заеднички одговори на глобалните здравствени предизвици 🇲🇰🇹🇷
Денеска во Истанбул имав чест да се обратам на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес.
На нашите турски пријатели им честитав 103 години од прогласувањето на Републиката и им посакaв мир и благосостојба!
🧬 Посебна чест беше присуството на нобеловецот проф. д-р Азиз Санџар, чии откритија за поправка на ДНК се инспирација за младите генерации
🌍 Порачав дека глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори. Македонија е отворена за соработка со сите што градат модерни, иновативни и отпорни здравствени системи.
🔬 Турција изгради силни капацитети во лековите, вакцините, медицинските помагала и здравствените технологии. Гледаме простор за соработка меѓу двете земји во дигиталното здравство, истражувањето и иновациите.
🤝 Попладнево – билатерални средби, вкл. средба со министерот Кемал Мемишолу.
#Здравство #Македонија #Турција #ДигиталноЗдравство #TürkTıpDünyasıKurultayı #TÜSEB #AzizSancar #МинистерствоЗаЗдравство Види помалку
3
94
Светски ден на мозочниот удар
Денеска се обратив на одбележувањето во организација на Клиниката за неврологија - Скопје.
🩺Благодараност за организација на акции за прегледи во Скопје, Охрид, Кочани и други градови, со кои се гради свесност за мозочните удари како значајни причинители на инвалидност и смртност!
🛡️ Дури 90 отсто од мозочните удари може да се спречат.
⏱️ Времето е клучно
Кај мозочниот удар клучни се првите неколку часа – потребни се достапна радиолошка дијагностика и веднаш започната терапија. Заедно со Клиниката ги унапредуваме патеките на пациентите, за да спасиме повеќе животи и да ја намалиме попреченоста.
🏥 Ги поздравив новите чекори во неврологијата
✅ Терапијата за мултиплекс склероза – во ГОБ „8 Септември“, Штип и Охрид, а следуваат Тетово, Прилеп и Струмица
✅ Наскоро – напредок кај Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, со УКЦ Љубљана
Благодарност до д-р Јован Божиновски и тимот на Клиниката.
🚨 Искривено лице, слабост во рака или нога, отежнат говор – веднаш повикајте 194.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#мозоченудар #времетеемозок #неврологија #превенција #здравство
4
144
Вакцинацијата против грип забрзува – вакцини има доволно за сите!
Од 14 октомври, за вакцинација против сезонски грип се пријавија 66.821 граѓанин. Најмногу се лица над 65 години и хронично болни, токму оние на кои заштитата им е најпотребна.
📊 Каде сме денес:
✅ 66.821 пријавени граѓани
✅ Најмногу пријави: Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово
✅ 6.710 закажани термини, 3.266 вакцинирани од 21 октомври, во три работни дена: по околу 1.000 вакцинации дневно
✅ Од денес нова група закажувања и ритам од околу 1.700 дневно
✅ Оваа недела здравствените домови вакцинираат во домовите за стари лица, а од следната и во центрите за дијализа
🙏 503 граѓани не се појавија на закажаниот термин. Ако не можете да дојдете, откажете го терминот, за да го добие друг пријавен.
📦 Вакцини:
✅ Денес склучивме договор за дополнителни 20.000 вакцини, кои пристигнуваат до 15 ноември. Со тоа досега се обезбедени 56.000.
✅ Најавени се уште 30.000 до крајот на ноември
✅ Вкупно 86.000 вакцини: најмногу досега, околу 20.000 повеќе од пријавените
⏳ Има време: Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата сè до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска започнуваат во ноември, и тоа не е доцна.
Секој пријавен ќе биде повикан. Ви благодарам за трпението.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#ГрипВакцинација #СезонскиГрип #Вакцинација #МинистерствоЗаЗдравство #ЈавноЗдравје
Средби на маргините на СЗО во Копенхаген
Вчера, на маргините на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, имав повеќе средби со колеги и партнери.
🇨🇿 Со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, се заблагодарив за поддршката по трагедијата во Кочани, а разговаравме за билатерална соработка и размена на искуства во дигиталното здравство.
🤝 Со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер, зборувавме за демографските предизвици.
🇦🇱 Имав средба и со поранешната министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала.
🌍 Се сретнав и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:
д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа
д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар
На средбите ме придружуваше амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.
Соработката е клучна за подобро здравје за сите. 🇲🇰
#СЗО #WHO #RC76 #Здравство
























































